Македонија под влијание од царинскиот конфликт меѓу ЕУ и САД

Трговската војна која се разгорува помеѓу САД и ЕУ носи негативни последици за глобалната економија, а истите влијаат и врз економијата на Македонија. Со зголемувањето на царините за челик и алуминиум за 25%, како и за други производи, американскиот претседател Доналд Трамп предизвика нарушувања на светските пазари. Овие мери придонесоа за раст на цените на многу производи, особено нафтата, златото и пченицата. Европската комисија, во одговор на американските царини, воведе сопствени контрамерки за увозот од САД, со цел да ја заштити својата економија.
Според економските експерти, трговската војна меѓу САД и ЕУ има значително влијание и врз нашиот пазар, поттикнувајќи промени во цените на разни производи кои се резултат на глобалната економска несигурност и варијабилноста во понудата и побарувачката. Трговската војна ќе предизвика пад на меѓународната трговија, намалување на инвестициите, зголемување на трошоците и забавување на економскиот раст, со што ќе се погоди и Македонија.
Американската централна банка ги ревидира прогнозите за економскиот раст на земјата, намалувајќи ги за 0,4 процентни поени, додека инфлацијата е предвидено да се зголеми за 0,2 проценти. Претседателот Трамп дури спомна можност за рецесија во Америка оваа година. Американските берзи, поради ова, се во повторен пад и се на нижа точка отколку што беа пред неговото доаѓање на власт, истакнува Бранимир Јовановиќ, професор на Виенскиот институт за меѓународни економски студии. Според Јовановиќ, високите царини влијаат на Македонија преку намалување на извозот кон ЕУ, со оглед на тоа што Македонија е меѓу најотворените економии во Европа, а 60% од нејзиниот БДП доаѓа од извозот. Со падот на глобалната трговија, првиот засега ЕУ, каде Македонија пласира 75% од својот извоз.
Оттаму, ситуацијата бара од македонските компании пренасочување кон алтернативни пазари, како што се земјите од регионот, Блискиот Исток, Северна Африка и Азија, и остварување на фокус на иновации и технолошки напредни производи. Надеж за Македонија лежи во економското обновување на Германија, која најави инвестициски пакети што би можеле да ја извлечат од рецесијата и позитивно да влијаат на македонскиот извоз, со оглед дека 40% од него завршува во Германија. Европските берзи забележуваат зголемување на цените на суровините како нафтата, златото и пченицата, кои можат да бидат катализатори за инфлацијата.
The post Македонија под влијание од царинскиот конфликт меѓу ЕУ и САД appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: