Македонија прати “полн авион“, Хрватска само четворица членови во официјалната делегација во Вашингтон!

Додека Македонија прати „полн авион“ членови на официјални делегации и останати лица на екскурзија во Вашингтон и Њујорк, Хрватска во официјална делегација испрати само четири лица и тоа највисоките државни функционери.

– На собирот Хрватска ја претставуваат претседателот Зоран Милановиќ, претседателот на Собранието Гордан Јандроковиќ, министерот за надворешни и европски работи Гордан Грлиќ Радман и вицепремиерот и министер за одбрана Иван Анушиќ, пишува ХРТ.

Иако од Владата и Министерствата се уште не откриваат колку лица патувале во Вашингтон и Њујорк и колку тоа ја чинеше државата, некои од лицата не издржаа па на социјалните мрежи се појавија фотографии од лица кои воопшто не се повикани да одат на самит на НАТО.

Инаку Инфомакс побара информации од сите министерства и од Владата колку чинеше патувањето и колку и кои лица беа во посета на Вашингтон и Њујорк, но засега одговор од министерствата нема. Само Министерството за финансии одговори дека тие немаат информации колку чинеле патувањата, иако се трошат буџетски пари.

Пронајдете не на следниве мрежи: