недела, 22 ноември 2026
Најново

Македонија прва во светот по просекот на позитивни тестови во седум дена

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Според веб страницата ourworldindata.org, Македонија е неславен светски лидер според процентот на новозаразени од коронавирус во однос на направените тестови во период од седум дена!
Над една третина или 35,7 отсто од извршените тестирања во Македонија во периодот меѓу 3 и 9 ноември биле позитивни.

Веднаш зад Македонија е Полска со 33,6 проценти, трета е Чешка со 32,7 отсто, четврта Словенија со 32,2 отсто, петта Бугарија со 30,3 отсто, шеста Романија со 30 отсто итн.

Поврзани вести