Македонија, САД и пет други земји гласаа во ОН за продолжување на санкциите против Куба

Синоќа во Обединетите нации, Северна Македонија гласаше против резолуцијата со која се бара укинување на санкциите на САД против Куба, кои се во сила веќе 63 години, објавува Телеграф Македонија.

Резолуцијата беше усвоена со огромно мнозинство: 165 гласа „за“, 12 воздржани и седум гласа против – САД, Македонија, Израел, Украина, Унгарија, Парагвај и Аргентина.

Во текот на изминатите два дена, околу 50 говорници во Генералното собрание се залагаа за потребата од укинување на најдолготрајните санкции на САД врз која било земја, воведени во 1962 година како одговор на „Кубанската ракетна криза“.

Слична резолуција се предлага во ОН секоја година, но американските власти, без оглед на тоа кој е претседател, цврсто се придржуваат до санкциите против Куба, кои осудија цели генерации Кубанци на сиромаштија и речиси целосно ја изолираа карипската островска земја од светските работи.

Во последниве години, имаше гласања во кои само САД и Израел се спротивставија на укинување на санкциите.
The post Македонија, САД и пет други земји гласаа во ОН за продолжување на санкциите против Куба appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: