По повеќемесечна меѓународна истрага помеѓу институциите во земјава и Албанија вчера беше сузбиена криминална група која била вклучена во организација на транспорт на кокаин за земјите од ЕУ, кои во текот на јуни 2021 година, од непознати лица од Албанија набавиле, а потоа и организирале пренесување на 300 пакувања со маса од 324,4 килограми кокаин за Италија со товарно возило со кое управувал Н.А.
Како што соопштија од МВР, во текот на вчерашниот ден уапсени се четири лица, А.М.(51), Д.З.(37), М.Ј.(35) и Д.Ј.(39), сите од Скопје, а денеска против нив и Р.Т.(45) од Прилеп е поднесена и кривична пријава.
Имено, на 16.06.2021 Н.А. на ГП Ќафасан остварил излез од Р. Македонија кон Р.Албанија, при што на царинските управи на двете држави декларирал извоз на легална стока-железо, со крајна дестинација во Италија. Истиот ден, А.М. и Р.Т., одделно, на ГП Блаце оствариле излез од државата кон Р.Косово, а потоа заедно, со патничко возило, преку ГП Морина/Кукс се упатиле кон Албанија. Следниот ден (17.06.2021), Д.З. и М.Ј. на ГП Блаце оствариле излез кон Р.Косово, а потоа со патничко возило преку ГП Морина/Кукс се упатиле кон Албанија. Потоа, по претходен договор, на локација во Албанија приколката била одвоена од влекачот, управуван од Н.А., а во просторот кај резервоарите за нафта во влекачот биле ставени 300 пакувања со бруто маса од 324,4 килограми кокаин, набавен од албански државјани. Потоа приколката повторно била споена со влекачот, кој се упатил кон пристаништето Драч, со цел стоката да се пренесе во Италија, по претходна организација на А.М., Р.Т., Д.З. и М.Ј., велат од МВР.
Следниот ден, на Граничниот премин на пристаништето во Драч, Албанија цариниците го скенирале товарното возило управувано од Н.А. и ги забележале сокриените пакувања, по што извршиле претрес и биле пронајдени 300 пакувања кокаин со вкупна тежина од 324,4 килограми. Против Н.А. е поднесена кривична пријава до надлежното Специјално јавно обвинителство во Тирана – Р. Албанија за сторено кривично дело поврзано со недозволена трговија со наркотични дроги.
Пронајдете не на следниве мрежи: