Македонија, преку КОВАКС механизмот, ќе добие 100.800 вакцини на “АстраЗенека”.
Македонија ќе добие 100.800 од контроверзните вакцини на “АстраЗенека” преку КОВАКС, информирале од СЗО.
Од СЗО до споменатата телевизија испратиле листа со бројот на вакцини кои се определени за секоја земја од регионот.
Според листата најмногу вакцини преку КОВКАС механизмот ќе добие Србија – 295,200 дози, Албанија ќе добие 120.000 вакцини, а Косово ќе добие иста количина како и Македонија. Босна и Херцеговина ќе добие вкупно 131.400 вакцини.
Од Министерството за здравство на Македонија велат дека ги очекуваат овие вакцини во наредните неколку недели.
Потсетуваме, во последните неколку дена неколку европски држави, меѓу кои Германија и Италија, ја стопирале вакцинацијата со вакцините на АстраЗенека.
Денеска, во интервју за луксембуршки “Wort”, премиерот Зоран Заев изјави дека Македонија е разочарана од Европската унија со набавката на вакцините против Ковид-19.