Македонка во главна улога, сцени од Скопје: Жељко Самарџиќ и Црвена Јабука објавија прекрасен спот

Жељко Самарџиќ и Црвена Јабука објавија спот за песната “Aleje ljubavi”.
Музиката и текстот на песната ги напиша Мирко Шенковски-Геронимо, а аранжманот го направи Мирослав Столица
Спотот се снимаше речеси цело лето на просторите на поранешна Југославија. Се почна од Скопје, па преку Белград, Сараево, Загреб, Љубљана, Подгорица до Скадарско езеро и Јадранско море и секако Мостар, родниот град на Жера и Жељко.
Главна улога во спотот е преубавата Македонка Иларија Кирилов.
Такво целокупно снимање на музички спот до сега не е забележано на овие простори, а секако има и поголемо значење зашто е сниман во време на пандемија од коронавирус.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.