Младата Македонка од Австралија Марија Аневска открива “дупка” во Договорот што Македонија го потпиша во август 2017 а сега Бугарија тврди дека не се почитува и затоа стави вето на преговорите за ЕУ.
Според Аневска која дипломирала во Мелбурн Владата како извршна власт нема право да го објаснува договорот во контекст на толкување согласно уставот затоа што тоа е работа на Уставниот суд.
Иако политички спорниот став од членот 11 може да звучи логично затоа што зборува за немешање во внатрешни работи на друга држава, правно тој е целосно надвор од уставниот систем.
“Ова е член 11.5 од таканаречениот договор за пријателство помеѓу Македонија и Бугарија. Може ли некој да ме просветли под која поделба на власта владата можеше да даде таква изјава во врска со уставното толкување? … Прашање на уставниот суд, а не на владата, не?”, пишува Аневска и отвара дебата за противуставност на Договорот кој поради тоа може да се поништи.
Што вели точно ставот 5 од членот 11 од контравеезниот договор:
5. Република Македонија потврдува дека ништо од нејзиниот Устав НЕ МОЖЕ и не треба да се толкува дека претставува или некогаш ќе претставува основа за мешање во внатрешните работи на Република Бугарија, со цел заштита на статусот и правата на лица што не се државјани на Република Македонија.
Согласно македонската поделба на власта Владата не смее да врши толкување ниту да објаснува уставна материја, уште помалку да тврди дека нешто во уставот не може да се толкува на некаков поинаков начин.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.