
Македонската фудбалска репрезентација има назадување од две места на најновата ранг-листа на ФИФА објавена денес.
По двата пораза на контролните натпревари со Хрватска и со Чешка, Македонија се најде на 71. место во светскиот фудбалски поредок.
Лидер на листата е Аргентина пред Франција и Белгија. Во Топ 10 се и: Бразил, Англија, Португалија, Холандија, Шпанија, Хрватска и Италија.
Следното рангирање ФИФА ќе го изврши на 18 јули.
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.