Македонска пошта: Вработените ги добија своите плати, штрајкот е политички мотивиран

„Организирањето на протест од страна на еден од Синдикатите на поштенските работници на Северна Македонија е крајно тенденциозно и безвредно, во услови кога на сите вработени им се исплатени платите“, се вели во соопштението на „Македонска пошта“ по денешниот протест на вработените.

Тие веруваат дека протестот е политички мотивиран, а вработените се манипулирани, што го нарушува нормалното функционирање на компанијата.

„Сакаме да нагласиме дека Синдикатот беше навремено информиран, нагласуваме уште еднаш „навремено информиран“ дека проблемот е решен и дека на сите вработени им се исплатени платите.“

Сепак, со разочарување мора да заклучиме дека вработените се злоупотребуваат од страна на одредени политички структури кои тенденциозно се обидуваат да го нарушат функционирањето на Поштата на Северна Македонија.

Ве информираме дека сме во постојана комуникација и координација со Владата и со заедничка соработка, континуирано ги надминуваме сите проблеми што се јавуваат во нашето тековно работење.

„Во обид да ги решиме сите настанати ситуации, ги повикуваме сите синдикални организации да се вклучат во решавањето на сите предизвици со кои се соочува нашата компанија, без да бидат провоцирани и манипулирани“, соопштија од „Македонска пошта“.
The post Македонска пошта: Вработените ги добија своите плати, штрајкот е политички мотивиран appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: