Македонскиот каратист Стојановиќ освои сребрен медал во У21 Светската лига

Македонскиот каратист Стефан Стојановиќ постигна голем успех на последниот турнир од серијата во Светската младинска карате лига што викендов се одржува во Венеција, освојувајќи го сребрениот медал во категоријата над 84 килограми.

Курсна листа на НБРМ: Колку чини еврото денес?
Според курсната листа на НБРМ средниот курс на еврото денеска изнесува 61.4950 денари, а на американскиот долар 58.4220 денари. Средниот курс на британската фунта изнесува 73.8475 денари.
Жена уценувала жител на тетовско, ѝ дал 20.000 евра за да не ѝ каже на сопругата за нивната врска
55-годишен жител на тетовско пријавил во полиција дека со години бил уценуван од жена од Тетово со која порано бил во врска. Тој во последните три години ѝ дал 20.000 евра, откако жената му се …

Каратистот од најтрофејниот македонски карате клуб „Макпетрол“ на патот до финалето во Светската лига за помлади сениори, ги совлада Михаил Бистричанов од Бугарија, (2-0), Амир Зуауи од Франција (3-2), Жоакин Маркез Санчез од Венцуела (1-0) и Германецот Николаи Секот (2-1). Во борбата за златниот медал, Стојановиќ минимално загуби од Украинецот Данил Касијанов (0-1).

На завршниот турнир од Светската лига во Венеција забележителен настап имаа и каратистите на „Макпетрол“, Јована Мицовска во категоријата до 61 килограми, Витомир Трајковски (до 84 килограми), Данило Божовиќ (над 84 килограми) и Димитар Лозановски (над 67 килограми).

-Задоволни сме од настапот на сите каратисти од тимот на „Макпетрол“. Успеавме да освоиме еден сребрен медал и остваривме два високи пласмана на седмото место. Успеавме да го продолжиме континуитетот на освојување медали од најелитните карате натпревари. Ова е вкупно 47. медал за нашиот клуб од најелитните Светски карате премиер лиги, во сениорска и младинска конкуренција, изјави тренерот на Макпетрол, Петар Заборски.

На Светската лига во Венеција беа пријавени рекордни 4133 натпреварувачки влезови од 81 држава.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.