На 3 кола до крајот во четвртата лига север на државата Викторија, македонскиот клуб Лалор Слога Јунајтед го осигура 1 место и шампионската титула за 2018 година. Во дербито на колото против вториот Даребин Јунајтед, Лалор Слога одигра 1:1 што направи недостижна предност од 10 бода. Ја пееја „Бисер балкански” и „Едно име имаме“ како и скадирање МАКЕДОНИЈА и со многу емоции го прославија пласманот во повисок натпреварувачки ранг.
Ова се момци македонци на кои треба капа да им се симне и да се пофалат за својот борбан спортски дух но и за македонскиот дух. Кога ги гледаме можеме со сигурност да кажеме дека МАКЕДОНСКО ИМЕ НЕМА ДА ЗАГИНЕ.



