Македонскиот национален балет гостува на фестивал во Турција со претставата „Патување“

На 7 април 2025 година, Македонскиот национален балет ќе учествува на 39. Интернационален музички фестивал во Анкара, Турција. Балетската група ќе го претстави современиот балет „Патување“, чија премиера е закажана за оваа прилика. Автор на кореографијата е Џан Арслан од Турција, а музиката ја потпишува Езио Босо. Саша Евтимова е асистент на кореографот, додека костимите ги изработи Марија Пупучевска. Настапуваат танчарите Саша Евтимова, Наташа Трендафилова Гицев, Симона Колиштркоска, Илијана Данилов, Ева Перковска, Франциско Хименез Руиз, Балаж Лочеи, Валери Љубенко, Ендру Кук и Веселин Трајковски. Проектот е организиран од Киро Павлов, менаџер на балетот и операта, заедно со кореографот Џан Арслан.
The post Македонскиот национален балет гостува на фестивал во Турција со претставата „Патување“ appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: