Македонскиот национален балет доби покана за учество на фестивал во Анкара

Националната опера и балет
На 7 април, Македонскиот национален балет ја изведе својата претстава „Патување“ во Анкара. Овој современ балет во кореографија на Џан Арслан од Турција беше претставен на широката публика, информираат од Националната опера и балет. Во рамките на оваа посета, менаџерот Киро Павлов и државниот секретар Марија Станчевска Ѓоргова остварија средби со претставници на амбасадите на Хрватска и Словачка во Турција, со цел да се прошири соработката во уметноста и да се презентираат и класични и современи балетски дела од нашиот репертоар.
Покрај овие активности, нашата делегација разговараше и за соработка во други уметнички сектори, вклучувајќи камерни оркестри и солистички концерти на оперски уметници. По успешното завршување на фестивалот, добивме покана повторно да учествуваме на 40. јубилеен Музички фестивал во Анкара.
The post Македонскиот национален балет доби покана за учество на фестивал во Анкара appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: