Македонскиот ракометен првак ќе чека „вајлд-карта“ за влез во ЛШ




Во следната сезона на Лигата на шампионите Македонија првпат по долго време нема да има директен учесник во групната фаза. Нашиот клупски ракомет од осмото место на рангирањето, падна на тринаесеттото и повеќе нема сигурно место во групите, па шампионот ќе мора да бара „вајлд-карта“.

Елитното европско ракометно натпреварување нуди десет директни позиции во групната фаза. Засега сигурни се само Барселона и Спортинг, бидејќи се шампиони во своите земји, како и Магдебург и Фуксе Берлин преку Бундеслигата.

Во битката за посебна покана во Лигата на шампионите ќе биде и македонскиот првак Еурофарм Пелистер или Вардар).  Конкуренцијата за шесте „вајлд-карти“ сигурно ќе биде огромна.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: