Македонските кошаркари од 18 часот во Сосновиец ѝ гостуваат на Полска


Македонската сениорска репрезентација е во Сосновиец, каде вечерва, од 18.часот, во Арената „Арцелор Митал Парк“, следува вториот натпревар од квалификациите за Европското првенство во 2025 година, против репрезентацијата на Полска.

На премиерниот меч, пред неколку дена во Скопје, против репрезентацијата на Естонија, бевме блиску до победата, но на крајот се радуваа момците од Балтикот, кои имаа подобра завршница.
Полјаците веќе имаат обезбедено пласман на Евробаскет 2025 како еден од домаќините на овој шампионат. Но селекторот Игор Миличиќ ги повика најдобрите кошаркари за овој февруарски ФИБА „прозорец“. Полска во првото коло загуби од Литванија, па оваа селекција сигурно максимално мотивирана ќе влезе во дуелот со нашиот национален тим.
Двете селекции релативно добро се познаваат, особено ако се земе в предвид дека лани одигравме два контролни натпревари во Белград. Секако, има измени во ростерите на двете екипи. Во нашата, селекторот Александар Јончевски го има на располагање и Американецот Итан Хап, кој беше еден од најдобрите на премиерата во СРЦ „Кале“ на дуелот со Естонија, Полјаците ќе настапат без најдобриот играч Матеуш Понитка, кој итно беше повикан да се јави на тренинг во белградски Партизан.

„Направивме премногу грешки, тоа беше причината за поразот. Во првото полувреме одлично ги оддалечивме во рекетот, но во вториот дел ситуацијата се промени. Бевме надвор од ритам, загубените топки беа многу важен фактор за тој пораз од Естонците“ – прокоментира американскиот центар по загубениот меч.
Нашиот нов играч во центарската линија е свесен за квалитетите на нашиот вечерашен противник – Полска. Потенцира дека борбеноста мора да биде на највисоко моЖно ниво ако сакаме да се стекнеме со шанса за победа.
„Полска е навистина силна репрезентација, без оглед што е пласирана на Евробаскет сигурно ќе биде мотивирана да одигра добар меч на домашен терен. Ќе мораме да се бориме за секоја топка за да имаме шанса да стигнеме до позитивен резултат. Борбеноста мора да биде највисоко ниво за да се бориме за победа на овој меч“ – вели Хап пред ова прво гостување во квалификациите.

Преносот од салата во Сосновиец, стартува од 18.часот, а ќе оди „во живо“ на „Sportklub 4 HD“.
ТАБЕЛА
1.Литванија 1          1          0          83:64 22. Естонија   1          1          0          74:69 23.МАКЕДОНИЈА    1          0          1          69:74 14.Полска      1          0          1          64:83 1

Извор

Пронајдете не на следниве мрежи: