Женската ракометна репрезентација на Македонија не успеа да се пласира на Светското првенство и по поразот во Полска, загубивме и на домашен натпревар со 21-23.
Натпреварот беше изедначен од самиот почеток, а тоа го покажува и резултатот, ниту една од двете репрезентации немаше предност од два гола повеќе. Впечаток е дека полските ракометарки ја имаа ситуацијата под контрола и не дозволуваа Македонија да ја загрози предноста од четири гола во првиот натпревар.
По неколку одбрани на Мицевска која посебно беше одлична во ова прво полуреме, Македонија и првпат стигна до водство во првото полувреме со 8-7, но тоа беше и нашето единствено во целиот натпревар На одмор се замина со реми 10-10.
Полска во второто полувреме констатно одржува гол-два предност, додека Македонија на неколку пати успеваше да изедначи.
Како што одминуваше времето стануваше јасно дека нема да можеме да го надополниме поразот од натпреварот во Полска, па Македонија остана без пласман и на деветтото Светско првенство во низа. Најефикасна во македонскиот состав беше Катерина Дамјановска со пет голови, додека Балсам запиша седум погодоци за Полска.