Фудбалската репрезентација на Македонија со победа го заврши септемврискиот репрезентативен прозорец на УЕФА, откако во рамки од шестото коло од групата Ц од квалификациите за ЕП славеше над Малта со сигурни 0-2.
Натпреварот се играше пред околу 3.000 македонски навивачи во Малта, кои силно ги бодреа фудбалерите, а од трибините можеше да се слушне “Никогаш северна, само Македонија”.
Стрелци на головите за Македонија беа Елиф Елмас и Јован Манев.
Со оваа победа Македонија се враќа во трката за учество на следното европско првенство.
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.