Министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски утрово со видеоврска комуницираа со нашите тројца офицери кои се дел од мисијата на Обединетите нации УНИФИЛ во Либан.
„Од страна на нашите офицери беше потврдено се чувствуваат добро, дека моралот меѓу сите припадници во рамки на мисијата е на високо ниво и дека континуирано се извршуваат задачите. Македонските штабни офицери заедно со останатите припадници на армиите од другите земји кои се дел од мисијата УНИФИЛ, континуирано ја следат безбедносната состојба на јужната граница на Либан, како и безбедносната состојба во целиот регион“, соопшти Министерството за одбрана.
Македонија активно придонесува во мисијата на ООН во Либан, а во моментов двајца штабни офицери се во рамки на италијанскиот контингент во Шама, Либан, а еден штабен офицер е во Командата на УНИФИЛ во Нагура, Либан.
Во Либан моментно безбеносната состојба е влошена откако Израел и милитантната рупа Хезболах почнаа отворена војна.