Македонски автобус удри во надвозник во близина на Пловдив

Автобус со македонски регистарски таблички, остана без покривот, откако возачот удри во надвозник во близина на градот Пловдив во Бугарија. Возачот не го забележал предупредувањето за ограничена висина од 3,3 метри на возилата кои можат да поминат под надвозникот, па удрил во надвозникот, при што буквално останал без покривот, јавуваат бугарските медиуми.
За среќа, нема настрадани, бидејќи во автобусот се наоѓале само двајцата возачи, но е причинета серозна материјална штета.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.