Автомобил со македонски регистарски ознаки е оштетен од учесници во протест на ученици и на студенти во Солун против Преспански договор, пренесува „Екпрес“.
Откога го забележале возилото на паркинг во близина на солунското пристаниште, демонстрантите ги откорнале табличките и ги оставиле на предното ветробранско стакло, врз кое фрлиле јајца.
штетен
Грчките медиуми причините ги бараат во меѓународната ознака МК на табличките, која ги иритирала учесниците во протестот. Според договорот од Нивици, возилата на идната „Република Северна Македонија“ ќе носат ознаки НМ или НМК.
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.