Македонски Бадник со ирански урми, српски сливи, грчки кајсии, албански смокви

Зелените пазари зовреа пред Бадник и Божиќ, а зголемена е и понудата, но цените на сите видови јаткасти и сушени овошја, без кои не може да се замисли празничната трпеза, а уште неколку дена ги купуваат и оние кои постат. Сепак, цените на овие овошја иако некои од нив се и на новогодишна акција се превисоки, бидејќи килограм суви сливи, урми, кајсии и смокви чинат колку килограм месо, односно од 350 до 900 денари. Цената на урмите оди и до 1.200 денари за килограм, брусниците чинат до 800 денари, а сувото грозје до 400 денари. Има и суви цреши, ананас и киви и за нив треба да се издвојат над 1.000 денари за килограм. Килограм чистени ореви може да се најде од 600 до 700 денари, лешниците, бадемите и индиските ореви се со цени до 900 денари за килограм, а најевтини во моментот се костените, оревите и бадемите во лушпа, кои се продаваат од 150 до 400 денари за килограм.

Трговците велат дека односот на предбожиќното пазарување во однос на новогодишните подготовки е два спрема еден … односно граѓаните трошат повеќе пари за најголемиот христијански празник, отколку за Нова година. Ова веројатно се должи и на фактот дека пензиите се исплатија од 2 јануари, додаваат тие.

-Сувите овошја се дел од традиционалната божиќна трпеза, особено на Бадник, кога сè уште трае постот. На Бадник се поставува кошница со јаболка, портокали, ореви и сушено овошје, како смокви, грозје, кајсии и сливи, како симбол на доброто здравје. Вообичаено ги даваме и на коледарчињата, но годинава во помали количества. Сепак, цените на сувите овошја се поскапени, а наместо македонски костени, се нудат кинески и грчки – велат домаќинките, кои пазареа по маркетите и на тезгите.

Македонија лани за увоз јаткасти плодови и кора од агруми или дињи и други овошја потрошила 64 милиони долари, а продажбата е зголемена за 15,2 отсто во споредба со 2022 година. Врвни трговски партнери ни се Еквадор со учество од 26 отсто, Турција со учество од 17,8 отсто, Грција со 12,9 отсто, Србија со 7,19 отсто, Албанија, покажуваат податоците на Тренд Економи.

Инаку светската трговија со сушено овошје остварува годишни приходи од 5 милијарди американски долари. Уделот на сувото овошје во светската трговија со овошје и јаткасти плодови е значително намален во последните години и до 2022 година е околу 4 отсто.

-Пред 20 години Турција беше на врвот на листата по количината на сушено овошје, поместувајќи ги САД на второто место. Во последните пет години, просечното учество на износот во Турција достигна 19, додека САД падна на 11 отсто. Турските производители се обидуваат да го подобрат квалитетот на своите производи, што им овозможува да добијат повисока цена. Освен тоа, Турција активно учествуваше во реекспортот на сувото овошје, изнајмувајќи го од други земји и додавајќи вредност дома. Во врска со ова, неопходно е да се забележи земја како Германија, која е меѓу петте најголеми извозници на сушено овошје, иако во пракса не произведува сушено овошје. Како целина, првите пет земји: Турција, САД, Чиле, Тајланд и Германија контролираат повеќе од половина (51отсто) од светскиот извоз на суво овошје. Меѓу лидерите се: Кина, Иран, Јужна Африка, Авганистан, Шпанија и Узбекистан. Само во последните неколку години Узбекистан успеа да ја надмине Шпанија во однос на количината на сушено овошје – објави истражувачката компанија ИстФрут.

Глобалниот капитал на кајсиите страда од лоши временски услови

Според аналитичарите на Ист Фрут, неповолните временски услови во регионот Малатија во Турција би можеле да имаат огромно влијание на глобалниот пазар на сушено овошје и на регионалниот пазар на свежи кајсии.

Турскиот град Малатија е познат како „светска престолнина на кајсии“ бидејќи тука е концентрирано до 80 отсто од турското производство на кајсии.

Во исто време, Турција е најголемиот светски извозник на суви кајсии со голема разлика од другите земји и најголемиот светски извозник на свежи кајсии.

Поради тоа, временските услови во регионот имаат директно влијание на цените на сувото овошје во светот, како и на цените на свежите кајсии во текот на сезоната.

Кога станува збор за сувите кајсии, Турција ги надминува сите свои конкуренти со огромна разлика, заработувајќи речиси половина милијарда американски долари од извоз.

Пронајдете не на следниве мрежи: