Македонски камионџии заглавени меѓу Чешка и Германија

Новите ковид процедuри ги заглавиja македонските превозници на европските патишта. Поради воведување на задолжителен ПЦР тест за влез во Германија не постар од 36 часа транспортерите се враќаат до Чешка и со часови чекаат на снег и минусни температури за да добијат тест. Велат досега имало посебен протокол за превознци на премините, а одлука за ПЦР е донесена преку ноќ. Реагираат дека со ваквиот начин нарачките доцнат, а транспортерите се изложени и на трошоци.
Дополнителен проблем за нив се и најавите од страна на грчките царинарници дека во четврток и петок целосно ќе го затворат преминот Евзони – единствениот преку кој движат македонските превозници.

Од Националниот координативен центар за гранично управување добивме информација дека граничниот премин Евозни ќе биде затворен во периодот од 17. 02 од 5 часот наутро до 18. 02 до 8 часот поради штрајк на грчките царини, се вели во дописот од Центарот за гранично управување.
Поради пандемијата македонските транспортери трпат огромни загуби. Единствено подобро функционирата оние кои превезуваат лекови и медицнска опрема.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.