Македонски мистерии и урбани легенди

Дали се работи за духови, прогонети куќи, или мистериозни исчезнувања, секогаш ваквите урбани легенди знаат да го наежат целото ваше тело. Затоа одбравме дел од најчудните мистериозни приказни и урбани легенди кои ќе направат да ви лазат морници.

Зелениот Дворец – Пржино

Една од најпознатите легенди е врзана за „Зелениот Дворец“ во Скопје (Пржино). Ова е куќа изградена во баротско-готски стил, која за жал или за среќа веќе ја нема. 

Но што е толку чудно за оваа куќа?

Освен чудниот изглед кој е сосема различен од околните куќи и потсетува на хорор филм, има безброј приказни кои кажуваат дека оваа куќа е прогонувана од духови. Бидејќи куќата беше напуштена со години, во неа можеа да се забележат лименки од „скопско“ и други пијалоци какви што не се произведуваат со години. Прозорците практично беа демолирани, како и ѕидовите кои беа обоени со графити. 

Не се знае точно од каде излезе приказната дека куќата е опседната од духови – велат соседите. Но, сепак признаваат дека не им е пријатно да се приближуваат до куќата. Една од легендите вели дека тука живеел гроф, и поради тоа куќата е изградена во тој стил. Други тврдат дека куќата е изградена пред стотина години од некој гостиварец, кому сопругата му починала многу млада. За куќата се вели дека е проклетство да влезеш во неа, иако беше собиралиште за млади со години и дека по 7 дена, смртта ќе дојде по тебе.

Дури еднаш беше организирана посета на куќата со инструменти кои можат да мерат паранормални активности. Емисијата вртеше по телевизија и учесниците потврдија дека има знаци на живот во куќата.

Магични камења – Брњарци

Верувале или не, во селото Брњарци – Скопско некогаш постоело жолт камен и од таму извирала вода. Локалното население веруваат во легендата дека некогаш некое слепо девојче плачело кај каменот и така се создал изворот.

Тие исто така веруваат дека водата е лековита, особено за луѓе кои се слепи. Наводно многу слепи луѓе пронашле лек токму во водата. 

Легендата вели дека водата помагала само доколку дојдеш до местото и го измиеш лицето. Не смеело да се зима вода во шише. Некој пробал тоа да го направи па на враќање паднал во бездна.

Невестата од Волково

Според раскажувањата, на местото викано Мовче, веднаш до пругата во Волково, млад пар се враќал од својата свадба.

Биле млади, во раните дваесети години, но силно вљубени. Направиле голема свадба во селото. По забавата, враќајќи се накај дома – се случила трагедија. Поминувајќи ја пругата, биле прегазени од воз и младиот пар починал на лице место.

Кратко по нивната смрт мештаните почнале да раскажуваат за духот кој се појавувал на пругата, после полноќ, на истото место, во исто време како и трагичната несреќа во која младиот брачен пар ги загубие своите животи. Многу се зборува за тоа дека духот на младата невеста сеуште талка во бел фустан по пругата. Се верува дека таа го бара својот сакан меѓу случајните минувачи во ноќта.

Планината Кожуф

Планината Кожуф е полна со мистерии, каде една од нив е рудникот Алшар. Во последните децении се истражува рудникот и може да се донесат неколку научни заклучоци.

Во рудникот има изобилство на талиумовата руда лорандит, која е природен детектор на „неутрино“ – честичка која од Сонцето до Земјата патува за само 8 секунди. Оваа чудесна материја ги препознава реакциите кои доаѓаат дирекно од јадрото на Сонцето.

Лорандитот е еден од најретките минерали во светот кој го има само во Македонија и можеби во Шри Ланка. Постојат легенди дека минералот е дирекно поврзан со Александар Македонски. Наводно Александар е првиот кој ја открива моќта на овој минерал па со негова обработка го користи да ги премачкува штитовите на фалангата. 

Тој во секоја своја битка, напаѓал од запад кон исток, по што се јавувало силен одблесок од штитовите кој ја заслепувал противничката војска. Можеби затоа знамето на Македонија е во налик на сонце.

Овој рудник бил популарен многу одамна. Имено, при ископувањата се пронајдени рударски алатки од античкиот период, што значи дека и тогаш бил активен.

Хорор куќа – Битола

Во Битола во близина на црн мост.. Приказни за куќата има неколку од кои една  е таа дека во куќата живееле маж и жена.. Имале голема љубов и така решиле да прават свадба.. Ден после свадбата неочекувано невестата починала. Мажот продолжил да живее и уште некое време но кај него се појавиле некои ментални проблеми и бил однесен во ментална болница… После некое време куќата ја продадоле на некој друг трговец..

Но и тој не живеел долго во куќата иако до тогаш бил сосема здрав , кај него започнувале да се појавувата некои здрствени проблеми за на крај да биде однесен и тој во ментална болница.. Од тогаш куќата стои празна..

До Јаја Паша џамијата има една градинка. Во дворот на таа градинка има остатоци од градба. На времето кога ја граделе градинката, со багер сакале тие остатоци да ги исчистат, но багерот се превртел. безуспешно неколку пати пробале да ги тргнат, на крај ги оставиле. И денес може да се видат во дворот на градинката, покрај улица.

Чудовиште во Тиквешко Езеро

Доколку прашате рибар, ќе ви каже дека во Тиквешкото Езеро се наоѓаат „чуда“ од риби. Во Македонија кружи една рибарска приказна која со генерации се пренесувала, а се работи за џиновските риби во Тиквешкото езеро кои можеле да голтнат и цели чамци.

Сега ќе си речете дека на рибарска приказна не треба да се верува, што е точно, но пред некоја година една Словенска експедиција била преплашена кога видела што се наоѓа на дното на езерото.

Наводно во Тиквешкото езеро постојат сомови кои се премногу стари и со огромна големина. Се претпоставува дека најголемиот сом е од прилика колку некој вид на кит каде што и кран не би можел да го крене.

Неодамна група на рибари успеаа да извадат еден таков сом, кој што се претпоставува дека а далеку помал од џиновите кои живеат на дното. Сомот беше изваден со помош на специјална опрема и беше со големина на чамец. Истиот беше поставен на плоштадот во Скопје.

Морничава куќа – Прилеп

Во Прилеп, често кружи приказна за морничавата куќа со духови, од која наводно некој таксист и ден денес има трауми. Еден работен ден (ноќна смена) таксистот качил две жени во кола кои подоцна го замолиле да им помогне со работите да ги внесат дома.

Потоа во знак на благодарност, жените одлучиле да го почастат таксистот кафе. По неговото излегување од куќата, таксистот приметил дека ги заборавил клучевите од автомобилот па веднаш се вратил да ги земе.

Тој упорно ѕвонел на врата, но никој не отворил. Потоа се обидел да побара помош кај комшиите, кои му кажале дека во куќата не живее никој со години, а жените починале многу одамна.

Пронајдете не на следниве мрежи: