Македонски планинар загина на планината Олимп во Грција

Според информациите на МИА, станува збор за група од околу девет лица од земјава, кои планинареле на Олимп, при што се претпоставува дека на починатиот му се слошило или добил срцев удар пред да падне во провалија. Сепак, обдукцијата дополнително ќе ги утврди точните причини за смртта.
Во пренесувањето на телото од местото на несреќата во планинарскиот дом “Спилиос Агапитос“, интервенирале 14 пожарникари припадници и на специјалната спасувачка единица и на противпожарната служба од Литохоро.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.