Македонски поддржувач загуби на изборите во Западна Австралија

Грчката заедница во Австралија со доза на триумфализам си ја препиша заслугата за изборот на Елени Евангели за пратеник во парламентот за Западна Австралија, која го победи досегашниот пратеник Џон Хајд, инаку поддржувач на Република Македонија.Весникот Неос Космос, повикувајќи се на извор во грчката заедница во Австралија, објави дека не само грчкото потекло на Евангели било пресудно таа да ја добие нивната поддршка, туку гласањето за неа било и изјаснување против досегашниот пратеник Хајд, кој имал промакедонски ставови.Евангели освои 48,8 отсто, а Хајд 36,8 отсто од гласовите на изборите одржани на почетокот на март. Со ова, Либералите за прв пат по 40 години добија свој преставник од Перт во западно-австралискиот парламент наместо лабуристите.Како што пишува Неос Космос, грчката заедница била лута што Хајд отворено лобирал Австралија да го признае уставното име на Република Македонија. Хајд, како што тврдат Австралиските Грци, на неколку наврати одбил средби со нивни преставници.
МакфаксГрчката заедница во Австралија со доза на триумфализам си ја препиша заслугата за изборот на Елени Евангели за пратени

Пронајдете не на следниве мрежи: