Македонски полициски синдикат: Владата да го поништи штетниот договор потпишан од Чулев

Денеска на прес конференција синдикатот побара од владата да го поништи, штетниот и противзаконски договор, потпишан од министерот Наќе Чулев.

„Раководството на Македонскиот полициски синдикат во периодот кој што измина на повеќе наврати од министерот Чулев бараше на сите вработени во Министерството за внатрешни работи поради посебен допринес во борбата со КОРОНАВИРУСОТ, да им се исплати награда во висина од најмалку една просечна плата. Министерството не го прифати нашето барање при што нелогично за нас самостојно излезе со барање до Владата за донесување на Уредба со законска сила, според која на секој вработен во Министерството за внатрешни работи да му се исплати награда во висина од 15.000 денари, што за нас, како единствен репрезентативен синдикат на полицијата, сумата од 15.000 денари е потценувачка и омаловажувачка поради што од министерот бараме под итно да изнајде начин и парични средства и на сите вработени во МВР да им се исплати парична награда во висина од најмалку 25.000 денари“ потенцираа од синдикатот на денешната прес конференција.

Тие немале одамна средба со Чулев и известија и за своевидна закана при последната средба:„Доколку не прекинете да го напаѓате министерот и неговиот тим ќе ви формираме трет синдикат и нема да броите 8.500, туку ќе ве направеме на 4.000 членови и за кратко време ќе ве снема од синдикалната сцена“.

Заканата се остварила на 29 април кога е регистриран нов синдикат. Новиот синдикат е регистриран во Централен регистар на 13 мај оваа година.

Тие бараат сега Владата да го поништи договорот на министерот а за состојбата ги известиле сите институции во државата како и од ЕУ.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.