Македонски туристи ограбени на паркингот пред ИКЕА во Солун

Пред два дена македонски туристи биле ограбени на паркингот на ИКЕА во Солун, каде застанале да пазарат враќајќи се од одмор.
Никола Горгиевски, кој е една од жртвите на разбојниците во Грција, за “Плусинфо“’ го раскажа непријатното искуство.
– Го отворивме багажникот на автомобилот и беше празен, а имавме три куфери, лап топ и многу други вредни работи. Јасно е дека по овој шок отидовме директно да разговараме со обезбедувањето на ИКЕА и ова беше само почеток на нашата драма! Да се ​​посети продавница ИКЕА и да се ограбува во текот на денот на нивниот паркинг е незамисливо и нешто што никогаш не мислев дека би можело да се случи – вели Горгиевски.
Откако виделе што им се случило веднаш отишле кај персоналот да пријават, но наместо брза реакција оттаму им рекле дека тој дел од паркингот каде тие го оставиле автомобилот не бил добро покриен со видео надзор.
– Ние ги сторивме сите процедури како што бараа, бевме во полициска станица, дадовме изјави итн. Поминавме неколку часови возејќи се напред и назад кон ИКЕА и полициската станица и немавме дополнителни информации што треба да правиме понатаму – вели македонскиот турист посочувајќи дека се на пат да се вратат назад со празен автомобил.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.