Се додека не биде надмината законската пречка за извоз на европските пазари македонското масло од канабис не може се извезува, туку се складира во магацин и чека. Голем број од компаниите кои произведуваат медицински канабис работат на исполнување на строгите киритериуми што ги бара ЕУ и плаќаат и по 30.000 евра за овластена комисија од странство да направи увид. Извозот најрано би започнал следната година, до кога треба да поминат и измените на Законот за опојни дроги, со кои ќе можат да извезуваат и цвет, објави “Сител“.
– Ние не сме членка на ЕУ и има многу критериуми што мора да ги исполниме и до крајот на годината би можело да се стори тоа. Сега немаме никаков извоз, вели Костадин Дуковски, претседател на здружение на производители на медицинси канабис.
Производителите на медицински канабис велат дека и во земјата мора да има добро дефинирање на законот бидејќи досега многу фирми не биле свесни што ги чека откако ќе ја добијат лиценцата. Немаат ништо против најавите на министерот за здравство дека ќе има данок на извозот.
Досега 23 компании во земјата имаат лиценци за производтсво на медицински канабис. Пред еден месец формирале и здружение за полесно да дејствуваат и да бидат вклучени во подзаконските акти.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.