Македонското прашање и Првата светска војна – симпозиум во МАНУ

Македонското прашање и Првата светска војна
(меѓународен симпозиум, 9-10 демекври 2015 Скопје)
Михаел Вајтман во својата балканска хроника од 1997 година напиша: „Првата светска војна не започна во Југоисточна Европа во 1914 година, туку уште две години претходно“ . Се мисли на двете балкански војни, односно војните за поделба на Македонија. Историската наука се повеќе се приближува кон овој став, дека една од основните причини за Прбата светска војна е балканска коска во грло – Македонија.
„Истрелите во Сараево, најверојатно ќе одекнеа без последици, да не беше претходната историја на балканските народи, да не беше балканското кризно жариште. На овој начин Македонија по игра на судбината стана повод за светска пресметка.
Ние како деца, во процесот на образование, проткаен со сериозни идеолошки и би рекол антимакедонски оптоварувања бевме учени дека Гаврило Принцип и атентатот во Сараево на Фердинанд се основната причина за почетокот на Големата војна.
Никој не се обиде да ни ја претстави, долови и реално претстави поголемата слика, посебно улогата и тажната судбина на Македонија. Веројатно се сметаше на тоа да се препушти овој дел од историјата за да премине во заборав. Но, тешко е една ваква историска трагедија да се смета дека може да биде избришана и заборавена.
Се поставува прашање може ли да се одвојат Балканските војни и Првата светска војна. Јас мислам дека одговорот е Не!

https://www.facebook.com/media/set/?set=a.1709242489309616&type=1&l=a58edea2f7

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.