среда, 25 ноември 2026
Најново

„Македонците и се нужни на Македонија“ – 151 година од раѓањето на Крсте Петков Мисирков

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Денеска се навршуваат 151 година од раѓањето на Крсте Петков Мисирков.

Мисирков е македонски филолог, се смета за кодификатор на современиот македонски јазик бидејќи токму тој ја поставил основата, одбирајќи ги дијалектите на линијата Велес-Прилеп-Битола-Охрид како најсоодветни за основа на стандардниот македонски јазик.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Мисирков е и славист, историчар, етнограф, публицист но и аналитичар особено заинтересиран за македонското национално прашање.

Тој е и автор на првата книга и првото списание на современ македонски јазик, основоположник и активен учесник во македонските научно-литературни и национално-политички друштва во Белград, Санкт Петербург, Одеса и Софија, раководител на ТМОК и личност на македонскиот XX век.

Мисирков е автор на книгата „За македонцките работи“, списанието „Вардар“ и голем број на научни статии објавени во различни весници. Покрај авторската дејност тој се занимавал и со превод на книжевни дела и собирање на народни творби.

Во продолжение дел од неговите гледишта и ставови за Македонија, Македонците, македонскиот јазик.

„Мојот македонски патриотизам и тука го победува бугарскиот патриотизам. Македонците и се нужни на Македонија; само со Македонци Македонија ќе биде на Македонците, а не без нив.

Македонците или треба да си останат на родните места, па ако сака и ѓаволот да ги владее, или пак, ако им е судено да се местат, тие треба да се преместат од едниот крај на Македонија во друг крај, но пак на Македонија, а не на Бугарија, Србија или Елада.

Ќе речете: така не може да размислува еден Бугарин. Да, но така може и треба да размислува еден Македонец.“

„Нека ми биде простено, но јас, како Македонец, на прво место ги поставувам интересите на мојата татковина и моите сонародници и само потоа интересите на Бугарија и Југославија. Јас сум Македонец, со македонска свест, и како таков си имам свое македонско гледиште врз минатото, сегашноста и иднината и на мојата татковина и на целото јужно словенство и затоа сакам и нас Македонците да не прашаат за сите прашања што не засегнуваат нас и нашите соседи.

Свеста и чувството дека сум Македонец треба да стојат повисоко од се друго на светов. Македонецот не треба да се слева и да се обезличува живеејќи меѓу Бугари и Срби. Ние можеме да ја констатираме близоста на српските, бугарските и македонските интереси, но се треба да биде оценувано од македонско гледиште.

Поврзани вести