Италијанската полиција во Торино уапсила двајца Македонци кои се потготвувале да пуштат во продажба над 2.000 кутии фалсификувани парфеми, јавуваат италијанските медиуми.
По заплената, полицијата на новинарите им ги покажала парфемите сместени во полициски магацин.
Фалсификатите бил откриени во центарот на Торино, во два автомобили „фиат пунто“ и „фолксваген голф“ што ги управувале македонски државјани.
Нашинците биле уапсени во момент кога ги транспортирале фалсификатите кон главниот градски пазар.
Против шверцерите е поднесено обвинение за поседување и продажба на производи со фалсификувана трговска марка.