Кампањата „Крени глас против врсничко насилство“ на „Макпетрол“ освои бронзен медал на фестивалот BalCannes, специјализиран за креативност, кој се одржа од 15 до 18 мај во Ровињ, Хрватска. Македонската компанија го доби ова признание во категоријата на корпоративни комуникации, еден од најзначајните настани во југоисточна Европа, во која годинава беа претставени рекордни 201 проект. Кампањата беше креирана со помош на маркетинг-агенцијата „Њу Момент“. Ова е уште една од наградите што „Макпетрол“ ги доби за своите активности во рамки на иницијативата „Стоп за булинг“. На првите Socialize Awards, одржани на 24 април во „Александар Палас“, проектот на македонската компанија триумфираше во категоријата за „најдобра општествено одговорна кампања“ помеѓу 80 учесници. Во октомври лани, на фестивалот за дигитална креативност SoMo Borac, кампањата освои регионална награда во категоријата „дигитален микс“.
Кампањата „Крени глас против врсничко насилство“, која започна во септември 2023 година, има за цел да ја подигне свеста за проблемот со булингот. Овој викенд беше организиран голем настан на „Школка“ во Градскиот Парк во Скопје, кој привлече илјадници посетители. Програмата вклучуваше изведби од Боно, Пајак и Лара, Петко, како и учество на децата од актерската школа на Весна Петрушевска. Имаше забавни активности за најмладите и можности за дружење. Кампањата на „Макпетрол“ е во втората фаза, која опфаќа едукативни работилници за родители, кои досега се одржаа на 15 различни локации и наскоро ќе бидат организирани и во Струга и Охрид. Во првата фаза, беше спроведена едукација за ученици во над 150 основни училишта, организирана во 26 општини кои ги поддржаа активностите на „Макпетрол“ преку потпишување меморандуми за соработка. Веб-страницата kreniglas.mk нуди информации што помагаат во разбирањето на булингот.
„Макпетрол“ го става општествено одговорното делување како една од своите клучни стратешки цели. Преку кампањата „Крени глас против врсничко насилство“, компанијата постигнува значителен јавен интерес и придонесува во развивање решенија за проблемот со булингот. Децата и младите генерации ќе продолжат да бидат фокус на општествено одговорните активности на „Макпетрол“.
The post „Макпетрол“ призната за општествено одговорна кампања „Крени Глас“ appeared first on 365.mk.


