Макрон имал тензичен разговор со Нетанјаху, Израел не дозволува помош во Газа


Францускиот претседател го информирал Нетанјаху за неговата намера да поднесе нацрт-резолуција до Советот за безбедност на ОН со која се повикува на итен прекин на огнот

Претседателот на Франција, Емануел Макрон во телефонски разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху повторно го изразил своето противење на израелската офанзива на Рафа и предупредил дека „присилното преместување на населението претставува воено злосторство“.

Макрон потенцирал дека е потребен „итен и траен прекин на огнот“ во Појасот Газа. Францускиот претседател го информирал Нетанјаху за неговата намера да поднесе нацрт-резолуција до Советот за безбедност на ОН со која се повикува на итен прекин на огнот.

Францускиот претседател инсистира Израел да ги отвори сите постоечки копнени премини кон Појасот Газа без одлагање и без услови.

А пак шефот на Агенцијата за бегалци на Обединетите нации (УНРВА), Филипе Лазарини денеска изјави дека Израел ги известил ОН дека повеќе нема да дозволува преминување на конвои со храна во северниот дел на Газа.

„Ова е нечуено. Ова е намерна опструкција на помошта за спасување животи во екот на вештачкиот глад. Овие ограничувања мора да бидат укинати“,

објави Лазарини на платформата X.

Тој предупреди дека спречувањето на УНРВА да го исполни својот мандат ќе доведе до тоа луѓето во Газа да умрат од глад, дехидрација и недостиг на безбедно засолниште.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: