Макрон најави седумгодишен воен буџет на Франција од 400 милијарди евра

Претходниот воен буџет на Франција изнесуваше 295 милијарди евра, а беше најавено зголемување од 60 отсто за буџетот на разузнавачките служби на земјата.

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска предложи воен буџет на земјата од 400 милијарди евра (433,4 милијарди долари) за следните седум години, јавува Анадолија.

Макрон присуствуваше на воена церемонија во воздухопловната база во југозападна Франција, каде што го претстави нацрт-воениот буџет за периодот 2024-2030 година.

Овој буџет изнесува 400 милијарди евра, што е значително повеќе од претходниот кој изнесуваше 295 милијарди евра.

„Откако ќе ја поправиме армијата, ќе ја трансформираме и“, рече Макрон, додавајќи дека се потребни повеќе ресурси за да се одговори на сè побруталните војни во светот.

Макрон, исто така, рече дека идните напори ќе бидат пропорционални на заканите, така што зголемувањата ќе бидат уште поголеми.

Францускиот претседател најави и значително зголемување на буџетот за разузнавачките служби кои, како што рече, ќе имаат 60 отсто поголем буџет во однос на претходните седум години.

Предлог-буџетот треба да биде претставен пред францускиот парламент во март.


Пронајдете не на следниве мрежи: