Макрон најави сериозни рестрикции со кои треба да се запре алармантниот пораст на новозаразени од КОРОНА

Макрон најави сериозни рестрикции со кои треба да се запре алармантниот пораст на новозаразени од КОРОНА

Франција го надмина прагот од еден милион заразени со коронавирусот (во време на пишување на текстот = 1,235,132).

Во исто време, беше забележан нов рекорд за бројот на нови инфекции за 24 часа- 36,437.

Несуштинските дејности (барови, ресторани и слично) ќе бидат затворени, но за разлика од двомесечниот карантин од минатата пролет, учениците ќе можат да посетуваат настава во училиште. Ова го објави Макрон на ТВ до целата нација.
Фабриките остануваат отворени, како и некои јавни услуги, со цел да се ограничи економската штета. „Вирусот се пренесува низ Франција со брзина која не ја предвидоа ниту најголемите песимисти“, изјави францускиот претседател.
„Како и минатата пролет, ќе можете да ги напуштате своите домови само за работа, за посета на лекар, да помогнете на роднина, за неопходен шопинг или на кратко да излезете на воздух“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.