Макрон повика на замрзнување на француските инвестиции во САД

Францускиот претседател Емануел Макрон повика на замрзнување на инвестициите на француските компании во САД додека не се разјаснат бруталните и неосновани нови царини на американскиот претседател Доналд Трамп против Европа и остатокот од светот.

„Идните инвестиции треба да бидат прекинати некое време додека не се разјасни ситуацијата со САД“, рече Макрон, додавајќи дека Американците ќе бидат послаби и посиромашни по најавата на Трамп за царините.

Доналд Трамп вчера воведе нови царини за повеќе држави, меѓу кои и Македонија доби зголемување на царините за 33%.

Пронајдете не на следниве мрежи: