Макрон предизвика „политички земјотрес“ со одлуката да распише предвремени избори во Франција по поразот на гласањето за ЕП



Францускиот претседател Емануел Макрон предизвика политички земјотрес откако вчера распиша предвремени парламентарни избори по претрпен пораз на европските избори од екстремно десничарската партија на Марин Ле Пен, јавија француските медиуми.

Макрон рече дека резултатот од гласањето е тежок за неговата влада и дека не може да го игнорира. Во обраќањето до нацијата, на помалку од два месеци пред Олимпијадата во Париз, тој рече дека изборите за Долниот дом ќе се одржат на 30 јуни, а вториот круг на 7 јули.

Шокантната одлука на Макрон е многу ризичен потег за неговата политичка иднина три години пред крајот на неговиот мандат. Доколку партијата Национален фронт на Ле Пен освои парламентарно мнозинство, Макрон нема да има многу простор за маневрирање во внатрешната политика, наведуваат француски медиуми.

Со меѓу 31,5 и 32 проценти од гласовите според Институтот Ипсос и Институтот за истражување на јавното мислење, екстремно десничарската партија Национален фронт со предводник на листата – Жордан Бардела направи голем удар на европските избори, постигнувајќи ги своите најдобри национални избори досега (со исклучок на вториот круг) и решително ќе придонесе за зголемување на моќта на националистичкиот и суверенистички табор во Европскиот парламент – главната лекција што може да се научи од гласањето во 27-те земји-членки, ннаведуваат француски медиуми.

Макрон – листата, предводена од Валери Аје, поранешна европратеничка непозната за пошироката јавност, заостанува далеку со помалку од половина гласови, приближно 15 отсто, а веднаш зад неа е социјалдемократот Рафаел Глуксман. Тој доби меѓу 14 и 14,3 отсто, повеќе од двојно од неговиот резултат во 2019 година.

Гамбитот на Макрон, според британски медиуми, потсетува на одлуката на шпанскиот премиер Педро Санчез да распише предвремени избори минатата година, откако екстремната десница ја победи неговата партија на локалните избори. Санчез успеа да ја задржи власта, но само по неколкумесечни расправии со регионалните партии и контроверзниот договор за амнестија на каталонските сепаратисти.

Франција претходно имаше таканаречени периоди на „кохабитација“ кога претседателот е од друга партија од онаа што го има парламентарното мнозинство. Во такви случаи, премиерот предложен од мнозинската партија станува водечка фигура во донесувањето одлуки за внатрешната политика. Последниот таков период беше од 1997 до 2002 година, кога претседател беше Жак Ширак, а социјалистот Лионел Жоспен беше премиер.

Вчерашните избори го поставија теренот за претседателските избори во 2027 година, јави ДПА. Макрон, кој двапати победи во вториот круг од Ле Пен, нема да може повторно да се кандидира по два мандата на чело на државата.

Нејасно е кого силите на десниот центар ќе внесат во трката и кој дури има шанса против Ле Пен. Вчерашните резултати се огромен удар за владата на Макрон, која веќе го загуби апсолутното мнозинство во Националното собрание, забележува ДПА.

Марин Ле Пен, ќерка на основачот на крајната десница Жан-Мари Ле Пен, успешно ја ребрендираше партијата давајќи ѝ многу поумерена слика во последниве години за да ја направи попривлечна за гласачите од десниот центар.

Европските избори беа тежок удар за Макрон, кој се залага за паневропски напори да се заштити Украина и потребата ЕУ да ја зајакне сопствената одбрана и индустрија, наведуваат американски медиуми.

Бардела, водеше кампања за ограничување на слободното движење на мигрантите и за омекнување на правилата на ЕУ за борба против климатските промени. Партијата повеќе не сака да ја напушти ЕУ и еврозоната, но според американски медиуми, се обидува да ги ослаби одвнатре.

Изборите за Европскиот парламент се одржаа во сите 27 земји од блокот во последните 4 дена, а право на глас имаа 360 милиони луѓе. Иако гласањето не влијае директно на националната политика, бидејќи само одредува кои ќе бидат француски европратеници во законодавниот дом на ЕУ, домашните политички прашања обично се клучни за изборот на гласачите.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: