Францускиот претседател Емануел Макрон во четвртокот изјави дека пристапот на Украина во НАТО ќе биде сфатен од Русија како уште еден чекор кон конфронтација, иако приемот на земјата во НАТО не е загарантиран.
„Пристапот на Украина во НАТО ќе биде сфатен од Русија како нешто конфронтирачко… Без разлика дали Украина ќе влезе во НАТО, и тоа не е најверојатното сценарио или не, мора да и се дадат безбедносни гаранции“, рече Макрон во интервјуто.
Тој истакна дека безбедносната во Европа мора да вклучува гаранции не само за Украина, туку и за Молдавија, Ерменија, Азербејџан, Грузија и, евентуално, Белорусија.
Членките на НАТО го поддржаа раниот прием на Украина и Грузија во НАТО на самитот во Букурешт во 2008 година. Во јуни 2022 година, на самитот во Брисел тие ја повторија својата посветеност, но не беше предложен краен рок.
Во Декември 2021 година, Русија предложи нацрт-договори за безбедносни гаранции за НАТО и Соединетите Држави, барајќи алијансата да не се шири кон Исток и да не ги вклучува Украина и другите постсоветски земји. Во јануари 2022 година, САД и НАТО официјално го отфрлија предлогот на Русија, нагласувајќи дека алијансата нема да го промени својот став за правото на суверените нации да се приклучат на блокот. По овој ќор-сокак, Русија во февруари започна воена операција во Украина.