Макрон: „Русија продолжува да убива цивили и покрај иницијативата на Трамп“

Францускиот претседател Емануел Макрон по ракетниот напад врз Суми изјави дека е очигледно дека Русија одлучува да ја продолжи војната и покрај предлозите на американскиот претседател Доналд Трамп.

Според францускиот претседател, Русија мора да биде спречена да води таква војна, а тој уште еднаш повика на солидарност и соработка со партнерите.

„Утринава два руски ракети го погодија срцето на градот Суми во Украина, предизвикувајќи уште еднаш бројни цивилни жртви, вклучително и деца. Сите знаат: оваа војна ја започна самата Русија. И денес е јасно дека самата Русија одлучува да ја продолжи – со бесрамно непочитување на човечките животи, меѓународното право и дипломатските напори на претседателот Трамп“, напиша Макрон.

„Франција работи неуморно кон оваа цел, заедно со своите партнери. До жртвите, ранетите и цела Украина која продолжува да се спротивставува: наша солидарност, наша почит, наша непоколеблива посветеност“, додаде Макрон.

Според последните информации, во нападот на Суми загинале најмалку 31 лице, меѓу кои две деца. Руските медиуми јавуваат дека градот бил погоден со две балистички ракети „Искандер“.

Пронајдете не на следниве мрежи: