Макрон: Франција не го поддржува ниту одобрува американскиот метод за апсење на Мадуро

Францускиот претседател Емануел Макрон на состанокот на кабинетот денеска изјави дека „методот што го користат“ САД за апсење на венецуелскиот претседател Николас Мадуро „не е поддржан ниту одобрен“ од Франција, изјави портпаролката на владата, пренесува Франс24.

Емануел Макрон, исто така, рече дека Николас Мадуро е „диктатор“ и дека неговото отстранување „е добра вест за Венецуелците“, додаде Мон-Брезон пред новинарите.

Емануел Макрон беше критикуван, главно од француската левица, за неговата првична реакција да не коментира за методите на Вашингтон.

Пронајдете не на следниве мрежи: