МАКРОН: ЌЕ И ПРАТАМ НА УКРАИНА РАКЕТИ СО ГОЛЕМ ДОСТРЕЛ

Франција одлучи да и предаде ракети со долг дострел на Украина за поддршка на украинската офанзива, објави францускиот претседател Емануел Макрон во пресрет на почетокот на самитот на НАТО во Вилнус.

„Одлучив да го зголемам снабдувањето со оружје и опрема за Украина, за да им овозможам да извршуваат напади длабоко на територијата. Во исто време, ние се придржуваме до нашата доктрина, која има за цел да и овозможи на Украина да ја брани својата територија“, кажа.
Макрон не прецизираше за кои точно ракети станува збор.

Претходно министерката за надворешни работи Кетрин Колона најави дека Франција ќе одобри голем пакет финансиска помош за Украина.
Москва постојано нагласува дека пумпањето на Украина со западно оружје само ја продолжува конфронтацијата. Министерот за надворешни работи Сергеј Лавров рече дека САД и НАТО се директно вклучени во конфликтот, не само со снабдување со оружје, туку и со обука на персонал за вооружените сили на Украина на нивна територија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.