Макс повторно застана зад германската десничарска партија АфД

Најбогатиот човек на светот, американскиот милијардер Илон Маск ја поддржа германската десничарска партија Алтернатива за Германија (АФД) во напис за германскиот весник „Велт“, повикувајќи ги Германците да гласаат на претстојните избори за оваа партија за како што напиша тој за да се спаси Германија.

Во својата колумна Маск објаснува дека верува оти АфД ќе ги заземе вистинските позиции за прашањата за економското закрепнување, снабдувањето со енергија и контролата на миграцијата. Тој, исто така, рече дека ја смета АфД за посветена на, како што рече, „политичкиот реализам“.

Тој пишува дека „прикажувањето на АфД како крајна десница е јасно лажно ако се земе предвид дека Алис Вајдел, лидерката на партијата, има истополова партнерка од Шри Ланка! Дали тоа ви звучи како Хитлер?“

Набргу по објавувањето на статијата на интернет, колумнистката Ева Мари Когел на Икс напиша дека поднела оставка.

„Демократијата и новинарството напредуваат преку слободата на изразување. Ова вклучува соочување со различни гледишта и нивна новинарска класификација“, изјавија за Ројтерс главниот уредник на весникот Јан Филип Бургард и Улф Пошарт, кој ја презема функцијата уредник на 1 јануари.

Слично како Ева Мари Когел се огласи и германскиот новинар Михаел Мартенс. Тој во објава на Икс напиша дека ако сакате да ја уништите ЕУ, поддржете ја АфД. Маск го сака тоа, па го прави тоа.

Германската домашна разузнавачка служба, Канцеларијата за заштита на Уставот, ја следи АфД како осомничена десничарска екстремистичка организација.

Јан Филип Бургард, идниот главен уредник на „Велт груп“, се спротивстави на изјавите на милијардерот во весникот.

„Дијагнозата на Маск е точна, но неговиот пристап кон терапијата, дека само АфД може да ја спаси Германија, е фатално погрешен“, напиша тој.

Инаку Маск го бранеше правото да влијае на германската политика поради неговите „значајни инвестиции“ и ја поддржа АфД пред парламентарните избори на 23 февруари следната година, кои доаѓаат по падот на коалициската влада на канцеларот Олаф Шолц.

Маск важи за близок советник на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп. Технолошкиот милијардер, кој како шеф на „Тесла“ е еден од најголемите работодавци во германската покраина Бранденбург во околината на Берлин, исто така се меша во британската политика, ветувајќи ја својата поддршка на десничарската популистичка британска партија „Реформ ОК“.

Пред федералните избори во Германија што треба да се одржат на 23 февруари, АфД е на второто место во анкетите со околу 19 отсто, зад конзервативната ЦДУ/ЦСУ со повеќе од 30 отсто. Сите партии во моментов застапени во Бундестагот отфрлија каква било соработка со АфД.

Во исто време АфД е втора во анкетите и би можела да ја спречи централнодесничарската или левиот центар да добијат мнозинство, но главните партии во Германија ветија дека нема да соработуваат со неа на национално ниво.

Пронајдете не на следниве мрежи: