Во две полуфинални вечери, наместо триесет како досега ќе бидат изведени 32 композиции, а завршени се и сите технички подготовки за 33-тиот по ред фестивал на забавна музика “Макфест“. По тригодишна промена на терминот на одржување тој годинава повторно ќе се одржи во вториот викенд во месец октомври во Штип, традиција која се негува од далечната 1986 година.
Низ годиниве наназад “Макфест“ продуцираше повеќе од 1.000 композиции, од кои најголемиот број станаа хитови, а сега се евергрини. Во рамките на поранешна Југославија Фестивалот беше интернационален со гостувања на бројни познати музички имиња, а по осамостојувањето стана најголем домашен музички бренд. Најдобрите ќе ги гласа публиката затоа што таа секогаш знаела добро да избере, а телеволтинг нема да има, изјави советникот за јавни дејности во Општина Штип, Кирил Панајотов.
Уметничкото дизајнирање на оваа реномирана манифестација годинава му е доверено на Владимир Дојчиновска, редовен учесник на речиси сите изданија на “Макфест“, до сега како автор и аранжер на десетици композиции.По три преслушувања на 22 мај беше направена и селекцијата на пристигнатите композиции на Конкурсот објавен на 21.02.2018.
Учесниците во шоу-програмите уште не се дефинирани, но во чест на неодамна починатата музичка ѕвезда, некогашен учесник на Фестивалот се најавува музички перформанс.