УЕФА по којзнае кој пат испрати предупредување до Србија и Хрватска во пресрет на нивниот меѓусебен дуел од квалификациите за претстојното Светско Првенство кое ќе се одржи во Бразил наредната година.УЕФА уште еднаш ги потсети Србите и Хрватите дека било каков инцидент ќе може да ги исфрли од квалификацискиот циклус.
Селекцијата на Србија на домашен терен на „Маракана“ во Белград ја пречекува селекцијата на Хрватска. Српските и хрватските медиуми веќе на големо пренесуваат дека било какви нереди предизвикани од трибините можат многу да ги чинат овие селекции.
Се вели дека УЕФА нема да толерира никакви испади, со политичка позадина, никакви нереди и слично.
Да потсетиме дека токму нашата фудбалска селекција се наоѓа во истата квалификациска група каде освен Хрватска и Србија се и селекциите на Белгија, Велс и Шкотска.УЕФА уште еднаш ги потсети Србите и Хрватите дека било каков инцидент ќе може да ги исфрли од квалификацискиот циклус.