Мали тајни кои секоја жена ги чува за себе

Искреноста е пресудна во секоја добра врска, но не мора баш секоја ситница да му ја кажете на партнерот, бидејќи тој често може поинаку да ја сфати.
Токму затоа, жените некои ситници, кои никако не можат да ѝ наштетат на врската, сепак ги чуваат за себе, за и нив главата да им биде помирна.
1.Споредување со поранешното момче
Сосема е нормално на самиот почеток од врската да го споредувате партнерот и вашата врска, со искуствата кои ги имате од претходната врска. Тој воглавно ги задоволува сите критериуми кои вашето поранешно момче не ги задоволувало, но тоа не значи дека би му било пријатно да слушне дека сте го споредувале со вашето поранешно момче.


2.Чекање повик од него
Тие кои штотуку го запознаваат својот нов партнер, нетрпеливо чекаат тој да се јави и да ги повика на состанок, но тоа никогаш нема да го признаат!
3.Мажите се секогаш на тест
Кога се во врска, жените го анализираат секој потег, гест или реченица на својот партнер, а тоа тестирање никогаш не завршува. Освен анализата, тестот вклучува и чести трик прашања, на кои мажот мора да одговори, за успешно да ја помине анализата на својата партнерка.
4.Расправиите служат за привлекувње внимание
Жените кои се чувствуваат запоставено во врската, често предизвикуваат расправија, само за да го привлечат вниманието на нивниот партнер.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.