Малку поинакви Г-точки

Малку поинакви Г-точки

Заборавете на преценетата Г точка. Ако и до сега не сте успеале да ја пронајдете, нема врска, и онака е веќе АУТ. Постојат други четири ИН еротски точки кои лесно може да се пронајдат, а со нивна стимулација својот секусален живот може да го подобрите и тоа значително. Иако, можеби, на прв поглед изгледаат бесмислено, ако се потрудите и се концентрирате на нив, ќе откриете некои поинакви сексуални сфери.

1. К точка
Во внатрешниот дел на колената минува цела низа на нерви. Со масажа на овој дел поминуваат трпки долж целиот р’бет. Затоа не го занемарувајте овој дел од телото, туку насочете се кон него, а задоволството нема да изостане.

2. О точка
Отворете ги очите за време на сексот. Според едно ново истражување, степенот на возбуда кај жената расте кога таа следи некоја сексуална активност. Притоа не мора тоа да биде набљудување само на партнерот или себеси во огледало, туку сето она што изгледа еротски. За разлика од жените, мажите се возбудуваат само кога гледаат во објектот на страст.

3. П точка
Во петицата се спојуваат голем број на чувствителни нерви. Со нивна масажа се испраќаат директни сигнали кон половиот орган. А така наедно расте и нашата желба за секс.

4. М точка
Мозокот е врата кон сите уживања. Пред да почувствувате физичка возбуда, потребно е да се стимулира сексуалниот центар во мозокот. Тоа се прави преку препуштање на сексуалните фантазии и тоа не само во моментите кога планирате секс, туку и во било кој друг дел од денот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.