Малку јаглехидрати, многу вкусови

Вашите напори за слабеење треба да се базираат на паметен избор на храна и соодветна физичка активност.
Составувањето на неделно мени кога се водите по строг режим на исхрана може да биде голем предизвик. Ако класичната кето диетата, која подразбира намалување или целосно исклучување на јаглехидратите од вашето мени, ви е премногу строга за следење, ви предлагаме неколку вкусни рецепти со малку јаглехидрати, а многу вкусови.
Зошто да јадете помалку јаглехидрати?
Целта на исхраната со малку јаглехидрати е по одреден период вашето тело да се претвори во „машина за согорување масни наслаги“.


Логиката е дека ако јадете многу јаглехидрати и шеќери, особено оние што не содржат влакна и брзо се апсорбираат, за кратко време ќе ви го кренат нивото на глукоза (шеќер) во крвта. Ако не ја согорите таа глукоза со вежбање, панкреасот ќе почне да лачи повеќе инсулин за да ги врати тие нивоа во нормала.
Вишокот шеќери од јаглехидратите ќе почне да се складира како масно ткиво. Големата количина складирано масно ткиво, особено во пределот на абдоменот, може да предизвика разни здравствени проблеми како дијабетес тип 2.
Добри и лоши јаглехидрати
Добрите јаглехидрати имаат висока содржина на влакна, природни шеќери, низок гликемиски индекс, полека се варат што значи дека подолго го снабдуваат телото со енергија и подолго ве држат сити.
За разлика од нив, лошите јаглехидрати го прават спротивното – имаат малку влакна, многу рафинирани состојки, многу шеќер, а малку енергија. Се варат брзо, што значи дека за кратко време пак ќе бидете гладни, а на организмот нема да му бидат од корист и ќе ги претвори во масти. Имаат висок гликемиски индекс и лошо влијаат на вашата линија.
Добри јаглехидрати кои може да си ги дозволите додека слабеете, но во разумни количини:
Свежо овошје, свеж зеленчук, грав, грашок, леќа, кафеав ориз, киноа, зоб, семки од тиква, чиа семе, семки од сончоглед, компир, кикирики, бадеми, лешници, ореви, интегрални житарки.
Лоши јаглехидрати кои треба да ги одбегнувате и не само додека слабеете, туку и потоа, ако сакате да ја доржите килажата и да водите здрав живот:
Индустриски овошни сокови, кекси и бисквити, колачи, бел леб, тестенини од бело брашно, слатки и чоколадо (освен темно чоколадо), сладолед, овошен јогурт, помфрит, чипс од компири.
Време е за готвење
Шест рецепти со мала содржина на јаглехидрати, од кујната на авторите на YouTube каналот The Serious fitness:

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.