Малолетник од Истибања се удави во реката Брегалница

Момче на 14-годишна возраст од селото Истибања кое се наоѓа во близина на Виница се удавило попладнево во водите на реката Брегалница. Трагичниот настан се случил во атарот на селото Калиманци, каде што момчето отишло на риболов и според искази на роднини влегло во водата.

Полицијата потврди за трагичниот настан, но не соопшти детали. Потрагата по телото на момчето сеуште е во тек.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.