На 12.11.2024 во 16:10 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на улица „Фазaнерија 2“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено“ со гостиварски регистерски таблици, управувано од малолетник од Гостивар и велосипед управуван од малолетно лице од Гостивар.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Ургентен центар- Гостивар.
Увид на лице место извршила екипа од ОВР Гостивар.